| четврток, 6 декември 2018 |

Пукање во Хјустон, три лица повредени

Вооружен маж отворил оган врз еден колеџ во близина на Хјустон, во американската сојузна држава Тексас, при што се повредени три лица, меѓу кои и напаѓачот

koledz1-e1358888607921

Две лица пукале едно во друго денеска во тексашки колеџ во близината на Хјустон, САД, а најмалку три лица се повредени, соопштија властите.
Инцидентот се случил во универзитетската библиотека, а очевидци тврдат дека на напаѓачот му биле ставени лисици на рацете, додека десетина полицајци се во потрага по вториот осомничен за нападот.

„На прв поглед се чини дека две лица пукале едно во друго“, рекол портпаролот на колеџот Лоун стар за Си-ен-ен. Едно лице е приведено.

„Двајца студенти се застрелани во вкрстен оган“, изјави портпаролот, но рече дека не знае во каква состојба се.

Четврто лице веројатно добило срцев удар за време на хаосот. Еден од пукачите е во притвор, а другиот избегал од кампусот, па полицијата е во потрага по него.

„Полицијата верува дека веќе нема опасност. Колеџот е под контрола“, иако евакуацијата продолжува, изјави портпаролот на колеџот за Си-ен-ен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top