Врховниот суд денеска ја продолжува општата седница на која треба да расправа дали прислушуваните разговори може да се користат како доказ во судска постапка и за надлежноста за поднесување барање за заштита на законитоста на СЈО.
По седницата е предвидено претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, да одржи брифинг со новинарите.
Врховните судии треба да одлучуваат по двата реферати што ги поднесе претседателот на судот, Јово Вангеловски, од кои едниот е дали прислушуваните разговори може да се користат во судска постапка како докази или, пак, тие претставуваат само индиции. Другиот е за поднесувањето барања за заштита на законитоста до судот, односно дали Специјалното јавно обвинителство има право да поднесува вакви барања или, пак, тоа право го има само Јавното обвинителство.
Денешното е трето продолжение на седницата за овие две точки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.