| четврток, 6 декември 2018 |

Одложена јавната седница на Врховен за пресудите во „Монструм“

Седницата на Врховниот суд закажана за денеска на која требаше да се разгледуваат жалбите за доживотните затворски казни за петкратното убиство кај Смиљковското Езеро, нема да се одржи.

Таа е одложена е по барање на адвокатот Асмир Алиспаиќ од здравствени причини, за што е доставена медицинска документација. Седницата дополнително ќе биде закажана.

Минатата седница беше одложена поради неприсуство на двајца адвокати. Обвинетите Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Сами Љута и Хаки Азири беа спроведени во Врховниот суд, но бидејќи адвокатот Насер Рауфи, кој е бранител на четворица обвинети и подносител на жалба, не се појави, а другиот бранител се пензионирал, јавната седница за случајот “Монструм” беше закажана за денес.

Љиљана Спасовска, обвинителка од Републичкото јавно обвинителство, тогаш побара од Врховниот суд пред да закаже нова седница прво да ги прибави новите докази, кои, според обвинителката ги има во СЈО, а Врховниот суд во април ги побарал и преку соопштение ја известил јавноста.

На ова Јово Вангеловски, претседателот на судската петорка која треба да расправа и одлучува по жалбите, ѝ одговори дека соопштението објавено на страната на  Врховниот суд се однесува за друг предмет, а не за “Монструм”.

Специјалното јавно обвинителство води предистражна постапка за „Монструм“ откако адвокатите на обвинетите побараа од ова обвинителство да го преземе случајот.

Врховниот суд ја закажа седницата 15 месеци откако одбраната ја обжали пресудата на Кривичниот и на Апелацискиот суд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top