Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека изјавите на албанските политичари за создавање на “голема Албанија” кои секојдневно се пласираат се резултат на добро координирани акции. Тој открива дека српските безбедносни служби пронашле траги од заедничката операција на најмалку една странска служба со разузнавачките агенции од Тирана и Приштина.
Вучиќ истакна дека единствено се поставува прашање дали Албанците се во координација со некои “од нашиот или од друг континент”.
Тој рече дека многумина не го разбрале добро кога после еден состанок во Брисел, му рекол на претседателот Томислав Николиќ дека никогаш не ги видел Албанците толку незаинтересирани за дијалог со Белград, и со сменет став кон Европската Унија.
“Не сум сигурен што е нивната крајна цел. Нашите служби пронајдоа траги од работењето на една странска служба со агенциите од Албанија и Приштина. Но, тоа не е доволно, бидејќи не станува збор за една од најголемите светски сили и тоа не е доволно за ваков вид на самодоверба”.
Тој, сепак, рече дека Србија е подготвена да го зачува своето и дека е сигурен и одлучен кога јасно ќе каже: Србија знае која е нејзината територија и Белград не пречи никому.
“Секој може да зборува што сака, но не може да направи ништо против уставниот поредок. Не знам што и каде може да се создаде, но знам дека нема да се создаде на територијата на Србија. За ова, јас ви ги давам сите гаранции и го имате мојот цврст збор. А добро знаете дека јас си стојам на зборот”, рече Вучиќ, додавајќи дека Србија сака мир и стабилност, но истовремено и дека нема да дозволи понижување и одземање на територија.
Вучиќ се сомнева дека Албанците кои секојдневно ја споменуваат “голема Албанија”, тоа го прават бидејќи сакаат таа идеја да стане легитимна, сите да се навикнат на неа, да стане нормално да се зборува за неа и никој да не реагира.
Тој изрази благодарност и до еврокомесарот Јоханес Хан поради тоа што реагирал на ваквите изјави, бидејќи, како што нагласи, тоа е многу важно.
“Ме збуни острината од нападот на Хашим Тачи врз Европската Унија и Хан, без оглед на тоа што реакцијата беше во блага форма. Без оглед на она што некои имаат избори и политичката криза во Албанија, тоа не е доволно. Тука постои нешто друго. Можеби ЕУ го потценува она што се случува во Тирана и Приштина, и работата на локалните власти во Прешево”, рече Вучиќ.
Вучиќ додаде дека еден од лидерите на Албанците од јужна Србија, Јонуз Муслиу е вклучен во тоа, со цел да се предизвика Србија да реагира и потоа да го направи национален херој, тврдејќи дека на Албанците им се загрозени човековите права.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вучиќ: Го победивме Косово, благодарам и на Македонија
-
Српски медиуми: Од Вучиќ бараат прогласување окупација ако Косово добие војска
-
Вучиќ: Ветувањата од Европа не му беа привлечни на македонскиот народ
-
Вучиќ за предупредувањето на Јункер: Можеби е претерано дека „тлото на Балканот е сеуште погодно за воени судири“, но не би ја исклучил можноста