| четврток, 6 декември 2018 |

Лепиткова приложи докази дека е одржана јавна расправа за рудниците во Валандово (ВИДЕО)

Има докази дека во Валандово е одржана јавна расправа за отворањето на рудниците за злато, тврди Соња Лепиткова заменик-министер за животна средина, која синоќа учествуваше во емисијата „Јади Бурек“ на Сител 3.
Откако проектот ќе биде готов, како што кажа Лепиткова, тој се објавува на веб сајтот на Министерстово и таму стои еден месе, за секој кој сака да го види, после тоа се закажува јавна расправа, а пред тоа компанијата упатува писмо со намери, со кое ги информира што ќе прави.

Таа потврди дека граѓаните на Валандово биле информирани и присуствувале на јавната расправа за рудникот во Валандово.
– Со доказите што ги приложи паѓаат во вода тврдењата на невладините и опозициските гласноговорници дека владата без дозвола на месното население презема активности во своја полза.
Имам фотографии на кои се гледа дека локалното радио во Валандово потврдува дека од 24.3.2015 до 30.3.2015 година на својата програма постојано емитува информации дека ќе се одржи јавна расправа, н која се повикуваат сите заинтересирани. Тоа се објавува во весник, овојпат во релевантниот „Дневник“. Еве ги сликите на кои се гледа дека на јавната расправа учествуваат граѓани кои освен што ги слушаат експеритите и поставуваат прашања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top