Сорос почнува реализација на сценарио со кое, практично, објавува војна на странските компании што пројавиле или ќе пројават интерес за инвестирање во Република Македонија, предупреди Никола Србов на денешната прес-конференција на „Стоп операција Сорос“.
– Сакаме да ја информираме македонската јавност дека во наредниот период низ целата држава ќе бидат организирани многубројни локални референдуми од страна на невладини организации, кои официјално се партнери на Соросовата Фондација Отворено општество – Македонија. Сорос почнува реализација на сценарио со кое, практично, им објавува војна на странските компании, кои пројавиле или ќе пројават интерес за инвестирање во Република Македонија – изјави Србов.
Додаде дека Соросовите организации ќе отворат многу сензитивни прашања.
– Ќе манипулираат со чувствителни теми како што се здравјето и потомството и сето тоа во пресрет на локалните избори, кога и да се случат тие, со што ќе се ловат гласови, ќе се креира јавно мислење, ќе се одработува во корист на политичка партија. Како и многупати досега, Сорос повторно ќе ја крои иднината на Република Македонија и на нејзините граѓани – рече Србов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)