Американската тенисерка Серена Вилијамс тврди дека случајно објавила дека е бремена бидејќи по грешка поставила фотографија на социјалната мрежа Снепчет.
Најдобрата светска тенисерка на 19 април постави фотографија во жолт, едноделен костум за капење, кој ја открива нејзината бременост, со порака: „20 недели“. Таа веднаш ја избришала фотографијата, а нејзиниот портпарол потоа потврди дека таа е бремена.
Серена изјави дека се фотографирала секоја недела за да си ја следи бременоста.
„Ги чував и бев добра во тоа, но еднаш згрешив“, вели Серена Вилијамс.
За американските медиуми таа изјави дека во јануари дознала дека е бремена, односно на два дена пред почетокот на првиот сезонски гренд слем турнир. Серена го освои Аустралијан опен, откако во финалето ја совлада својата сестра Венус и го освои 23-от гренд слем титула, со што стана рекордерка во опен ерата.
Иако голем дел од медиумите шпекулираа дека бременоста ќе значи и крај на нејзината кариера, Серена најави дека во 2018 година ќе се врати на тениските терени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.