Ајнтрахт од Франкфурт е прв финалист на Купот на Германија, откако вечерва во голема драма и по изведување на пенали со 6-7 во гости го совлада тимот на Борусија Менхенгладбах, откако мечот во регуларниот тек заврши 1-1 (1-1).
Момците на хрватскиот тренер Нико Ковач поведоа со голот на Талеб Тавата во 15. минута и тоа беше награда за подобриот влез во натпреварот. Ајнтрахт брзо создаде уште две шанси, а Мајер немаше среќа да погоди за 0-2 во 29. минута.
Во најлош момент во судиското надополнување на загубеното време во првиот дел, Борусија израмни со голот на Јонас Јхман по голема мешаница пред голот на гостите (1-1). Следеше период на претпазлива игра во која домашната екипа на Дитер Хекинг играше подобро, поодговорно и беше поблиску до втор гол. Сепак резултатот не се менуваше до крајот на регуларниот тек и мечот влезе во продолжение.
Во екстра-времето скоро и да се создадоа зрели шанси и едните и другите и казнените удари го дадоа првиот финалист. Во пенал серијата првите 12 изведувачи погодија, но потоа во седмата серина промаши Кристенсен, но Варела не погоди за победа на Ајнтрахт. Сепак, во осмата серија кобен за Борусија Менхенгладбах беше нереализираниот пенал на Џибрил Со, за во вториот обид победата д 6-7 после пеналите на Ајнтрахт да му ја донесе Хргота. Утре во второто полуфинале противникот на Ајтрахт ќе произлезе од дуелот во Минхен меѓу Баерн и Борусија Дортмунд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)