Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и вечерва организираше протестен марш во Кавадарци на кој испрати порака за отфрлање на тиранската платформа и за зачувување на унитарноста на државата.
На плоштадот во Кавадарци се обрати Алимпие Лазороски, кој ги повтори барањата на кавадарчани кои со денови протестираат и читаше стихови посветени на татковината, со кои, како што нагласи, потсетува на македонските корени, идеалите и државноста.
Кавадарчани мирно протестираа движејќи се од новоизградената црква „Света Петка” во новиот центар на Кавадарци, преку улицата „Илинденска” во централното градско подрачје се до општинската зграда.
Протестите, како што најавија, ќе продолжат до исполнување на барањата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Митко Јанчев: Јас слушам „Металика“, не беше мој избор да пее Цеца во Кавадарци
-
Зоран Заев во Кавадарци: Грозјето не е од татко ми или дедо ми, мора да се цени трудот на лозарите
-
Кавадарци ќе добие унифицирани такси возила
-
Македонија ќе победи: Мисајловски, Јанушев и Трајановски го придружуваа Мицкоски на чело на поворката во Кавадарци (фото)