Скопјанец го избодел синот со шрафцигер во раката, а потоа со пиштол пукал кон телевизорот во стан на улица „Вич“ во скопската населба Карпош 4, соопштија од МВР.
Педесет и двегодишниот скопјанец во неделата околу 17.30 часот почнал да се расправа со сопругата со која биле во бракоразводна постапка.
Го исекол 23-годишниот син со шрафцигер, кој станал да ја одбрани својата мајка. Потоа со пиштол, кој го поседувал со дозвола, пукал два пати кон телевизорот.
Полицијата работи на расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



