Најдобрата македонска тенисерка во историјата, Лина Ѓорческа (202. на ВТА ранг-листата) со победа ги започна настапите на ИТФ фјучрсот во Тунис, на кој е пријавена како седма носителка.
Тетовчанката потешко од очекуваното извојува победа во првото коло над тенисерката од Чиле, Даниела Сегул со 2-1 (3-6, 7-6, 6-3) во сетови, меч кој траеше нешто повеќе од два часа. Чилеанката подобро го отвори мечот и со три брејка во првиот сет поведе со 1-0. Сепак, нашата тенисерка заигра како што најдобро знае и со два одлични сета стигна до стартна победа на овој турнир.
Во следното коло Ѓорческа ќе се сретне со победничката од дуелот кој е во тек меѓу Јулија Долпио од Домениканска Република и Кинескинката Ху.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.