| четврток, 6 декември 2018 |

Џулија Робертс го искористи моментот да ја посети гардеробата на Реал

modric i roberts

По големото разочарување на „Ел Класико“ фудбалерите на Реал расположението си го поправаа со една од најголемите холивудски актерки, Џулија Робертс.

Славната Американка во живо го гледаше „Ел Класико“, а по мечот отиде во гардеробата на Реал да ги запознае играчите.

Се фотографираше со Серхио Рамос, Марсело, Кристијано Роналдо, Зидан, Лука Модриќ и доби дрес со број 1 од Реал..

– Ах, навистина сум возбудена, ова е прекрасно. Целото семејство сме тука – истакнала во еден момент Џулија при посетата на соблекувалната и додаде за официјалната страница на Реал:

А, кога веќе беше на „Сантијаго Бернабеу“, Џулија Робертс не можеше а да не тркне и до гардеробата на Барселона, а да има фотографија со Лионел Меси.

mesi i roberts

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top