| четврток, 6 декември 2018 |

Македонска опера слави 70 години со Гала концерт

Во среда, (26 април) Македонската опера и балет приредува „ГАЛА-КОНЦЕРТ“, по повод 70 Години Македонска опера.
Првата професионална оперска претстава изведена во Македонија е „Кавалерија рустикана“, на 9 мај 1947 година. Во подготовките и изведбата учествувале: Тодор Скаловски-диригент; Бранко Поморишац-режисер; Петре Богданов-Кочко, Тордор Скаловски и Стефан Гајдов, ги подготвиле хоровите; Стефан Гајдов-инспициент и Живко Фирфов-суфлер.
Интерпретатори на улогите во првата претстава: Петре Богданов-Кочко (Туриду), (Васил Ќортошев во алтернација); Елисавета Савченко (Сантуца), (Данка Фирфова во алтернација); Стефан Русјаков (Алфио); Милка Гушевска (Лола) и Ганка Атанасова (Лучија).

На Гала-концертот во среда ќе земат учество сите првенци, солисти, оркестарот и хорот на МОБ. Ќе бидат изведени арии, дуети, терцети, квартети, оркестарски и хорски нумери од најголемите светски автори. Диригенти се Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, а режисер, Дејан Прошев.
Посетителите навистина ќе имаат ретка можност за вистинско уметничко доживување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top