Барселона со 2-3 славеше на гостувањето против Реал Мадрид во уште едно извонредно „Ел Класико“.
Каталонците извојуваа победа со која и натаму остануваат во трката за шампионската титула, а еден од клучните моменти на мечот беше и директниот црвен картон за Серхио Рамос по грубиот прекршок врз Меси. По тоа дојде и до вербален судир меѓу Рамос и Жерард Пике.
Рамос по мечот изјави дека немал воопшто намера да го повреди Меси, притоа коментирајќи го и новиот судир со Пике…
– Да, му се обратив на Пике. Очигледно добија што сакаат, затоа што тој цело време врши притисок на судиите. Па, тој по цели денови седи и преку социјални мрежи коментира судење и судии. Може само да кажам дека по ова ‘Ел Класико’ никогаш повеќе нема да го прегрнам Пике… Ете, можеби заврши нашето пријателство – вели Рамос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.