| четврток, 6 декември 2018 |

Пике: Мора да го признаеме поразот, првпат се чувствувам инфериорно

Централниот дефанзивец на Барселона, Жерард Пике, по двата порази на неговиот тим од Реал Мадрид во шпанскиот Супер куп, изјави дека во моментов мора да се признае дека големиот ривал е подобар од „каталонците“, но додаде и дека сезоната е долга и имаат уште многу време за напредок.

– Притискаа, беа подобри од почетокот, и тоа го одреди ритамот на натпреварот. Ова не е најдобиот период за нас и како тим и како клуб. Мораме да ги збиеме редовите и да се вратиме. Мораме да го признаеме поразот и да кажеме дека Реал е подобар од нас. Сезоната е долга, и има простр за напредок. За девет години колку што сум овде, првпат се чувствувам инфериорно во однос на Реал. Вистина е дека ја освоија Лигата на Шампионите, но и ние го направивме тоа не така одамна, истакна дефанзивецот на Барса.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top