На интернет се појавила снимка од првиот бакнеж на двојката што наскоро, можеби, ќе биде на чело на Франција – 39-годишниот Емануел Макрон, и неговата 26-години постара сопруга Брижит Троње.
Во времето кога било снимено ова видео, Макрон имал 15, а Брижит имала 40 години.
Младиот Макрон играл во училишна претстава тој мај 1993 година, а кога претставата завршила, младите актери се поклониле на публиката. Професорката Брижит Озијер на учесниците им честитала поединечно, а ова било нивниот прв бакнеж.
Кога тргнала да им честита на другите, Макрон го земал микрофонот и се насмеал во нејзина насока, но не се слуша што кажал.
Една година подоцна Макрон се зарекол дека ќе се ожени за неа, на ужас на своите родители. Неговиот татко барал од Брижит да го остави неговиот син на мир додека не наврши 18 години, на што професорката му одговорила дека „не може да му вети ништо“.
-Секогаш си се јавувавме и разговаравме со часови на телефон- рекла Брижит на еден француски документарист. Двојката е во брак од 1997 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)