Марина Вовченко од Москва е инструкторка по јога и води група од 25 луѓе, коишто го обожаваат нејзиниот уникатен метод – „пивска јога”. Имено, тие користат пивско шише за баланс и за изведување вообичени јога вежби.
– Сакам на луѓето да им биде пријатно – не само да седнат во бар и да пијат пиво, туку во истовреме и да практикуваат јога, ја истакнува Вовченко својата амбиција.
Таа идеја ја добила од двајца јога инструктори од Берлин. Тие, пак, биле инспирирани од американскиот фестивал „Burning Man”.
„Пивската јога” е спој помеѓу две работи коишто сите ги сакаме – пивото и јога. И едното и другото се многувековни терапии за телото, душата и умот. Задоволството од пиењето пиво и сосредоточувањето на јога вежбите се комбинираат и создаваат енергично доживување, велат инструкторите.
До скоро имало само две училишта за „пивска јога” во светот – во Берлин и во Сиднеј, а денес ги има на речиси секој континент
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.