| четврток, 6 декември 2018 |

Хектор Белерин нема да го послуша Венгер, ќе игра за Шпанија на европското првенство

hektor belerin

Хектор Белерин е подготвен да влезе во конфликт со Арсен Венгер за да си ја реализира зацртаната цел – да настапи за шпанската репрезентација на претстојното Европско првенство за играчи до 21 година. Шпанија се наоѓа во иста група како и Македонија, „црвената фурија“ воедно ќе биде и прв ривал на нашите младинци при историскиот настап на европскиот шампионат, а големиот фаворит ќе делува уште помоќно доколку Белерин стартува на позицијата десен бек.

Арсен Венгер пред неколку дена изјави дека очекува Белерин да не одговори на повикот на својот селектор за да може максимално да се подготви за новата сезона, откако во текот на оваа заработи неколку повреди. Сепак, Шпанецот јасно стави до знаење дека нема намера да ги прифати овие сугестии на стратегот на Арсенал.

– Секој има право на свое мислење, јас го почитувам ставот на Венгер, но моја желба е да играм на овој европски шампионат. Ако селекторот Алберт Селадес ме повика, сигурно ќе настапам за Шпанија – изјави Белерин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top