| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот на „Фејсбук“ потроши 10 милиони долари на свадба во знакот на „Игра на престоли“

Милјардерот Шон Паркер, соосновач на веб-сајтот за размена на музика „Напстер“ и прв претседател на „Фејсбук“, се ожени на 2 јуни во Биг Сера во Северна Калифорнија. Паркер се ожени со музичарката Александра Линас во едно одморалиште покрај море во присуство на 300 гости, вклучувајќи ја и ќерката Витакер, која е родена годинава.

article-2334156-1A16EFF7000005DC-807_634x889

Се вели дека Паркер потрошил 10 милиони долари за преуредување на хотелот кој добил изглед на сет од снимањето на серијата „Игра на престоли“, вклучувајќи водопади, антички остатоци, езера, мостови и колиби.
article-2334590-1A1A812B000005DC-247_638x631

Гостите носеле посебна гардероба која ја дизајнирал костимограф од „Господар на прстените“ и тие пристигнувале на свадбата влегувајќи низ капија од 600.000 долари, играле на подиум од 350.000 долари и седеле покрај растенија и цвеќиња вредни преку милион долари.

„Форбс“ го процени богатството на Паркер на две милијарди долари. Во филмот „Социјална мрежа“ неговиот лик го играше Џастин Тимберлејк, а Паркер приказот на неговиот лик го окарактеризира како измислица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top