| четврток, 6 декември 2018 |

И Кочанчани побараа нови предвремени парламентарни избори

коц

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и вечерва низ улиците на Кочани одржа мирен протестен марш.

Кочанчани како и досега мирно протестираа движејќи се низ централното градско подрачје, низ улиците на градиот покрај Кочанска река. Протестот заврши во градскиот парк пред спомненикот на Никола Карев, каде што пред присутните зборуваше Ванчо Богоев.

Во своето обраќање, тој истакна дека и вечерашниот протест е со единствена цел да се одбрани македонскиот идентитет. Токму затоа, рече Богоев, народот застана обединет во одбраната на земјата во одбрана на нејзината унитарност.

– Нашиот македонски идентитет не е за продажба и нема да дозволиме менување на името, јазикот, химната, знамето, истакна Богоев.

Учесниците на протестниот марш и вечерва својата голема поддршка на иницијативата „За зедничка Македонија“ ја искажаа со пароли, македонски знамиња и со интонирање на македонската химна. За утре е закажан нов протестен марш во Кочани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top