| четврток, 6 декември 2018 |

Граѓаните го исвиркаа тиранскиот спикер на Заев: Талат Џафери провокатор на маршот (ВИДЕО)

nazad
Народот одлучно одговори на ваквите провокации и со негодувања и свирежи го врати назад Џафери.
Пратеникот на ДУИ и кандидат за претседател на Собранието Талат Џафери денеска на најнизок можен начин се обиде да ги испровоцира граѓаните кои во голем број протестираат против Тиранската платформа.

Џафери со автомобил се појави пред масата народ, која се спротивстави на обидите за провокација и го врати назад. Останува енигма дека се работи за смислен пропуст на полицијата на терен, во чии редови пред некој ден на самите протести можеше да се забележи сопругот на Фросина Ременска од СДСМ, Јовче Ременски.

Токму Ременски е одговорен за постапувањето на полицијата, која наместо да блокира свесно го пропуштила аудито на провокаторот Џафери, кој дрско сакаше да испровоцира и да издејствува реакција на насобраните граѓани, кои и денеска излегоа во масовен број.

Народот одлучно одговори на ваквите провокации и со негодувања и свирежи го врати назад Џафери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top