Неопходни се нови парламентарни избори за излез од политичката криза – универзитетската професорка Тања Каракамишева смета дека ова е единствениот начин што во моментов ќе овозможи разрешница на ситуацијата, таа ова го кажа во гостување на ТВ Нова
-Кога завршија изборите и се знаеше крајниот епилог на мандати, реков дека во Македонија набрзо ќе мора да се организираат нови избори. Се виде дека распределбата на мандатите беше прилично комплицирана и во таа смисла тешко дека најголемите политички партии од македонскиот блок ќе можат да состават мнозинство што ќе биде долготрајно и ќе донесе стабилна Влада. Се виде дека на која страна и да отидеа пратениците од албанскиот блок, Владата нема да може да биде одржлива-, изјави Каракамишева.
Додаде дека нови парламентарни избори се неопходни за да се обезбеди политичка стабилност во државата, но и да се обезбеди континуитет во правната, политичката и економската стабилност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.