Со 15 погодени тројки и тоа од само 20 обиди, и со одлично второ полувреме кошаркарите на Куманово дојдоа до првата победа во фазата ТОП 6 во БИБЛ лигата. Кумановци го победија Тиват на гости со 95-79 и веднаш се сместија на врвот од табелата со 8 бодови.
Мечот беше изедначен во првиот дел кога нашиот тим имаше само 2 разлика и потоа во третиот период вистинска шутерска експлозија во која најдобри поединци беа Александар Костовски со 22 коша и Ивица Димчевски со 21.
Во вториот натпревар од БИБЛ денеска Левски го победи Рилски спортист со 84:62, утре Галил ја дочекува Кавала, а во следниот круг Куманово гостува во Самоков на Рилски(12 февруари).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


