| четврток, 6 декември 2018 |

Рисе му се враќа на фудбалот, ќе игра во четвртата норвешка лига

djon arne rise

36-годишниот Јон Арне Рисе повторно се враќа на терените и до крајот на сезоната ќе настапува во норвешкиот четвртолигаш, Ролон. Сепак тренерот на норвешкиот тим изјави дека и покрај својата големина која ја има Рисе, тој ќе треба целосно да го заслужи местото во првиот тим.

– Среќни сме, бидејќи ќе го имаме во тимот. Се зависи од неговата желба, но додека ја има ние сме тука. Во Норвешка нема фудбалер со поголема историја од неговата и со самото тоа што ќе биде дел од нашата соблекувална, ќе биде голема помош за нас – изјави тренерот Ловенспрунг.

Договорот на Рисе со тимот на Ролон е до крајот на сезоната, а доколку има сили би можел да настапува и во 2018 година. Рисе својата професионална кариера ја заврши во тимот на Алесунд, а настапуваше и во тимовите на Фулам, Рома, Апоел. Со тимот на Ливерпул во 2005 година ја освои и Лигата на шампионите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top