Провокативната пејачка Ријана последниве денови е опседната со британската кралица Елизабета и необичната идеја да ги спои своето тело и нејзината глава.
На Инстаграм профилот пејачката објави низа фотомонтажи со својата хит комбинација која во паралелниот универзум ги носи 91-годишната кралица.
Така можеме да видиме како кралицата изгледа со виолетова коса и тетоважата на Ријана под градите, со високи зелени чизми и провидно светликаво боди на „Гучи“.
A post shared by badgalriri (@badgalriri) on
На некои фотографии таа одлучи да ги спои својот моден израз и оној на кралицата, па така Елизабета носи „жешки“ пантолончиња и YSL бундичка во облик на срце, а притоа ја носи и својата скапоцена црвена шапка, но и „бесни“ очила за сонце.
Оваа шега може ќе му се допадне на принцот Хари, кој со Ријана беше поврзан во романтична смисла, но строгата кралица би можела остро да ја укори палавата поп ѕвезда.
A post shared by badgalriri (@badgalriri) on
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.