| четврток, 6 декември 2018 |

Бостон ја врати предноста на домашен терен со две гостински победи, Јута – Клиперс 2-2 (видео)

boston

Бостон на гостински паркет славеше против Чикаго со 104-95, по што израмни на 2-2 во плејоф серијата од НБА лигата.

Двете екипи победи запишаа само на гостински терен. Овој пат Бостон беше подобар, па уште во вториот период имаше предност од дури 20 поени. Чикаго ја намалуваше негативата во продолжението но не доволно и да се стигне до целосен пресврт.

Најдобар поединец кај Бостон беше Ајзеа Томас со 33 поени, четири скока и седум асистенции, со фантастичен процент на шут од игра од 92.3% успешност. Одличен беше и Џералд Грин со 18 поени и седум скока, додека Ал Хорфорд постигна 15 пони, дополнети и со 12 скока.

Кај Чикаго одличен беше Џими Батлер, постигнувајќи 33 поени на кои дополни и пет скока и девет асистенции.

Кошаркарите на Јута, пак, на домашен терен победија со ЛА Клиперс со 105-98 и така израмнија на 2-2 во серијата.

Во интересен натпревар, Јута до триумфот дојде во последната четвртина кога Џо Џонсон постигна 11 врзани поени. Јута до победата дојде без својот најдобар кошаркар Гордон Хауард, кој мораше да паузира поради труење со храна.

Џонсон беше најдобар кај Јута со 28 поени, и по пет скока и асистенции, а го следеа Родни Худ со 18 поени и Дерик Фејворс со 17 поени.

Кај Клиперси се истакна Крис Пол на кого му недостасуваше само еден скок за „трипл-дабл“. Мечот го заврши со 27 поени, 12 асистенции и 9 скока. Џамал Крафорд постигна 25 поени а ДеАндре Џордан заврши со 12 поени и 10 скока.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top