Речиси два месеца македонските граѓани остануваат најголемата пречка во обидите на СДСМ и албанските политички партии да се инсталира тиранската платформа на албанскиот премиер Еди Рама. Протестите продолжуваат денеска во 17 часот пред Владата.
Во петокот граѓанската иницијатива го претстави македонскиот народен документ преку кој побара вонредни парламентарни избори на кои народот ќе ја отфрли во целост тиранската платформа, направена во друга држава под патронат на премиер на друга држава.
„ИЗБОРИ се основното барање на граѓанската иницијатива „За Заедничка Македонија“, на сите Македонци, Абанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци кои нè поддржуваат. Ова барање е логично и рационално продолжение на сите наши досегашни цели. И затоа велиме НЕ ЗА ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА! ДА ЗА ИЗБОРИ ЗА ФИНАЛНА ПОБЕДА! ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА НЕМА ДА ЈА ИМА! ИЗБОРИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИМА!“, стои во документот.
За аналитичарите токму граѓаните се клучни во спречување на операцијата за федерализација и кантонизација.
„Сепак упорноста на македонскиот народ и истражувањето на јавното мислење кое покажува пад на популарноста на партијата на Зоран Заев, кој е подготвен да направи компромис врз основа на тиранската платформа, зборува дека има надеж за Македонија и за Македонците.
„ЕУ не покажува единствен став за кризата во Македонија, а колку повеќе време поминува, толку повеќе е помал просторот за создавање некаква си гнила коалиција на власт која ја заговараат партијата на Зоран Заев заедно со албанските партии“, пишува српскиот аналитичар Слободан Јанковиќ од Институтот за меѓународна политика и економија за „Вечерни новости“.
Токму коалицијата на Заев е таа што повеќе од еден месец бара начин како да ја прескокне дебатата во Собранието и да избере нов спикер како прв чекор на патот до формирање нова влада.
Претседателот Иванов веќе излезе со став дека нема намера да даде мандат на влада формирана врз основа на платформа од туѓа држава, а од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ велат дека се подготвени на сѐ доколку некој се реши да го игнорира нивниот глас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)