Вечерва во 20 часот во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ започнува презентацијата на далматинската кујна. Организаторот, „Јавна соба “најавува незаборавно гастрономско искуство подготвено од двајцата гастроамбасадори на градот Задар, Марцел Шкарица и Игор Чуханин.

– Во последните 15 години како се развиваше туризмот во Хрватсла расте гатсрономијата како подгранка. Веќе и не постои град или село во Далмација, кој не организира презентација на храна и вино, и добро е што сè повеќе нивната програма се базира на органска храна. Странските туристи „полудуваат“ по органска, локално продуцирана храна. А тоа брзо го прифатија и домашните туристи, особено оние од Загреб и поголемите градови – велат готвачите кои се гости во Скопје.

Младите готвачи успеваат многу вешто да вметнуваат по еден нов стих во рецептите кои ги добиле од своите баби. Ја менуваат и техниката на готвење и со тоа го прилагодуваат секое традиционално јадењето на современите вкусови и туристи од целиот свет.

Природната убавина на Хрватска на која што долги години се базираше надворешната промоција на Хрватска на сите меѓународни саеми се измени. Сега фокусот на привлекување на странски гости е целосно базиран на добра локална храна и нејзина дегустација и уживање.

„Вкусот на Далмација“ е гастро уживање за сите генерации. Ќе се приготват карактеристични јадења од приморскиот дел на Хрватска.

„Вкусот на Далмација” е уште една програмска активност во рамки на прогрaматa “Вкусот на Скопје” која „Јавна соба“ ја спроведува во соработка со гости готвачи од целиот свет и има за цел да креира вистински вреднсоти во поглед на гастрономија и добро конзумирање на храна во Македонија.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


