Ѕвездата од емисијата „Ловци на торнадо“, која се емитува на „Дискавери“, е еден од жртвите на разнорното торнадо што ја погоди Оклахома во петокот.
Покрај 55-годишниот Тим Самарас, животот го загубиле и неговиот 24-годишен син Пол и 45-годишниот Карл Јанг, кој, исто така, работел со нив.
Како што пишува „Бизнис инсајдер“, Самарас бил еден од најголемите експерти за разорнувачки торнада и основач на компанијата „Твистекс“, која се занимава со истражување на торнадата. Сите тројца загинале во местото Ел Рен, предградие на Оклахома сити, каде што ги зафатил вител со брзина од речиси 300 километри на час.
Самарас бил во специјално опремено возило во кое собирал информации за бурите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


