Холивудската ѕвезда Анџелина Џоли првпат се појави во јавност по операцијата со која ги отстрани градите поради страв да не заболи од рак.
Џоли во Лондон беше придружувана од вереникот Бред Пит на премиерата на неговиот нов филм „World War Z“. Таа на себе носеше елегантен фустан на модната куќа Ив Сен Лорен.
– Се чувствувам одлично, прекрасно и многу сум му благодарна на Пит за поддршката. Тоа многу ми значи. Бред беше неверојатен, едноставно неверојатен. Тој е прекрасен маж и татко и многу сум среќна. Задоволна сум што сега повеќе се зборува за здравјето на жените – рекла актерката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.