Кристал палас трета година по ред успеа да го освои „Енфилд роуд“, овојпат триумфирајќи на гостувањето против Ливерпул со 1-2. Иако овој меч имаше далеку поголемо резултатско значење за домаќините (кои се во трка за место во ЛШ), сепак гостите од Лондон беа подобар противник и дојдоа до цел плен. Екс-фудбалерот на Ливерпул, Кристијан Бентеке, кој беше отпишан од страна на Јирген Клоп овојпат му пресуди на германскиот стратег, со два гола замолкнувајќи го „Енфилд“
Мечот почна одлично за Ливерпул откако Кутињо со прекрасен гол од слобоен удар донесе водство за домашниот тим.Емре Џан промаши зицер при 1-0, а Бентеке пред крајот на полувреме го израмни резултатот на 1-1. Иако се очекуваше Ливерпул да доминира во продолжението, Кристал палас беше тимот што многу повеќе ја контролираше играта. Повторно прекините беа кобни за „црвените“, откако по еден корнер од десната страна Бентеке од пет метри го совлада својот сонародник Симон Мињоле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.