Недоволна информираност на граѓаните за референдумското прашање и за процедурите за спроведување на референдумот, помали пропусти во работата на избирачките одбори, како и проблеми со Избирачкиот список, се клучните забелешки на набљудувачите на Цивил–центар за слобода за текот на референдумот во Гевгелија до 17 часот.
Според извештаите на набљудувачите, заклучно со 17 часот референдумот поминал во мирна атмосфера.
Според последните информации од избирачките одбори излезноста по 17 часот е веќе повеќе од 50 отсто од запишаните 19.458 граѓани со право на глас. Тоа значи дека условот за излезност од 50 отсто + 1 од гласачите веќе е исполнет.
Од Општинската изборна комисија неофицијално информираат дека излезноста е веќе 58 отсто.
На референдумот жителите на Гевгелија гласаат за или против давање дозвола за рудници за злато на Кожуф.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.