Истото знаме со симболите на „Голема Албанија“ што со дрон се најде на теренот во Белград на контроверзниот меч меѓу Србија и Албанија денеска се вее и на „Чаир“ на дербито меѓу Шкупи и Вардар.
Тоа е вистински скандал, иако знамето виси на едно од дрвјата во околината на стадионот на Шкупи.
И тогаш по белградскиот инцидент, по кој се прекина мечот меѓу Србија и Албанија, беше јасно дека во скандалот се вмешани и Албанци од Македонија. Затоа и не чуди што знамето е тука во Скопје и денеска скандалозно се вее во Чаир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.