| четврток, 6 декември 2018 |

Само бод за Наполи на гостински терен кај Сасуоло (видео)

napoli

Наполи не успеа да слави на гостувањето против Сасуоло, со што тимот на Маурицио Сари направи голем чекор назад во трката со Рома за второто место на табелата, кое носи и директен пласман во ЛШ за следната сезона. „Наполитанците“ имаат за што да жалат бидејќи беа подобар противник, воедно и први дојдоа до предност со голот на Мертенс.

Сасуоло израмни преку Берарди, потоа при резултат 1-1 Инсиње го погоди дирекот. Казната стигна, па Сасуоло поведе со 2-1, пред Милк да ги постави конечните 2-2.

Наполи останува на третото место со 71 бод, еден помалку од Рома, со тоа што „римската волчица“ има и натпревар помалку, утрешниот против Пескара.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top