| четврток, 6 декември 2018 |

Дурловски: Се надевам дека и СДСМ и албанските политички партии ќе сфатат дека изборите се единствено решение за кризата

Ние најавивме дека од следниот понеделник еден по еден чекор ќе ги објавуваме, како планираме понатаму да дејствуваме. И како што кажав затоа што е ситуацијата итна се надевам дека во најскор можен рок верувам дека ќе имаме контакт и со останатите македонски партии, изјави Дурловски

Избори во најбрз можен рок се единственото решение за излез од кризата во Македонија, смета Игор Дурловски, еден од главните организатори на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Вчера на протестот пред Собранието гараѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ го објави македонскиот народен документ како решение за излез од политичката криза.

-Ние уште на самиот почеток, најпрвото наше барање беше отфрлање на  платформа потпишана, заверена од странски премиер, во странска држава. Тоа секако досега не се оствари и сметаме дека распишување на предвремени парламентарни избори е единствената опција,што поскоро, во најбрз можен рок, за цела оваа криза односно нефункционалноста на државарата да прекине што поскоро – изјави Дурловски во гостувањето на „Сител телевизија“.

На прашање дали смета и за кои политички партии смета дека ќе ја прифатат оваа нивна иницијатива, Дурловски кажа дека верува дека според ставовите ВМРО-ДПМНЕ ќе го прифати барањето за избори.

igor-durlovski-1-768x419

-Јас се надевам, јас навистина немам информации дали некои од политичките партии ќе го прифатат тоа, јас верувам дека партијата ВМРО-ДПМНЕ, која барем досега ги има истите ставови по ова прашање со нас, верувам дека ова барање за нив ќе биде издржано. Се надевам дека и останатите партии и од албанскиот блок и македонските политички партии ќе сметаат исто како нас, дека единствено решение во моментов се предвремени парламентарни избори, сметаДурловски.

Тој кажа дека од следниот понделник ќе се објавуваат чекорите како граѓанската иницијатива планира понатаму да дејствува.

-Ние најавивме дека од следниот понеделник еден по еден чекор ќе ги објавуваме, како планираме понатаму да дејствуваме. И како што кажав затоа што е ситуацијата итна се надевам дека во најскор можен рок верувам дека ќе имаме контакт и со останатите македонски партии, изјави Дурловски.

СДСМ, партијата која на овие избори доби околу 70.000 албански гласови, досега во ниту еден момент не се откажа од Тиранската платформа, Дурловски вели дека од партијата СДСМ нема слушнато конкретен став, дали ја прифаќаат или не ја прифаќаат, дали постои или не постои.

-Јас барем досега не слушнав ниту од партијата СДСМ конкретен став дека ја поддржуваат или не ја поддржуваат, не слушнав став дека постои или не постои, затоа што имаме различни ставови од различни лица од самата партија. Јас верувам дека исто така СДСМ во најскор можен рок ќе каже, ќе покаже дали тиранската платформа е потпишана, дали постои, дали непостои, дали ја прифаќаат или не ја прифаќаат. Ако не ја прифаќаат мислам дека и за нив ќе биде наједноставно решение да се оди на избори, а ако ја прифаќаат не верувам дека за нив тоа е една од варијантите која што би била поволна по нив, затоа што не верувам дека посебно македонскиот дел од гласачкото тело повторно ќе гласа за таа партија на следните избори за таа партија, семта Дурловски.

Дурловски вели дека е убеден дека ниту СДСМ, ниту ДУИ не очекувале ваков развој на настаните и вели дека се надева дека избори се единствен излез од кризата.

-Јас сум убеден дека и албанските политички партии и СДСМ, не очекуваа ваков развиток на настаните, не очекуваа толкав број на народ, на улиците низ цела Македонија, веќе 55 дена и верувам дека ќе се преиспитаат и се надевам дека ќе сфатат дека единствено можно решение за оваа политичка криза се следни парламентарни избори, изјави Дурловски.

-Како што најавив на почетокот нашите цели, ставови и идеи се да ги покажуваме од понеделник па натаму. Верувам дека во понеделник тоа нема да се случи. Меѓутоа ние сме за се подготвени, имаме за се план Б и верувам дека добро ќе фунционира, изјави Дурловски.

Доколку  СДСМ од понеделник реши прекршување на деловникот на Собранието да избере негов претседател, Дурловски кажа дека се подготвени и дека имаат план Б.

-Како што најавив на почетокот нашите цели, ставови и идеи се да ги покажуваме од понеделник па натаму. Верувам дека во понеделник тоа нема да се случи. Меѓутоа ние сме за се подготвени, имаме за се план Б и верувам дека добро ќе фунционира, ијзави Дурловски

Дурловски нагласи дека тие ќе останат на улиците додека не се исполнат нивните барања.

-Ние нагласивме уште на почетокот, нагласивме ако не се лажам и вчера на последниот собир, дека поминаа 54, 55 дена ако треба ќе останеме уште 50, уште 100, се додека нашите барања не бидат исполнети. Досега беше повлекување на тиранската платформа, од сега па натака се исто така и предвремени избори, изјави Дурловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top