| четврток, 6 декември 2018 |

Челзи во финалето на ФА Купот по 4-2 над Тотенхем

Челзи е првиот финалист на ФА Купот, откако во гол шоу го победи својот главен конкурент за титулата во Премиер лигата, Тотенхем, со 4-2.

На „Вембли“ двата тима одиграа незаборавен дуел во кој Тотенхем двапати израмнуваше откако Вилиан постигнуваше голови за Челзи, но со два гола во последните 15 минути тимот на Антонио Конте стигна до триумфот и си ја вратија самодовербата.

Еден Азар влезе од клупата за да го одбележи решавачкиот трет гол за својот тим, а потоа Немања Матиќ реализира гол-ремек дело за да го потврди успехот на својот тим.

Така Тотенхем загуби по 7-ти пат по ред во полуфиналето во турнирот и неговата серија од 8 последователни победи во сите натпреварувања заврши.

Челзи го чека победникот од другиот натпревар помеѓу Манчестер Сити и Арсенал, кој ќе се одигра утре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top