| четврток, 6 декември 2018 |

Бразил и Англија со реми, 2-2, ја отворија новата „Маракана“ (видео)

Легендарниот фудбалски храм „Маракана“ има ново руво и подготвена го чека Мундијалот во 2014 година, а промоција вчера направија домаќинот Бразил и Англија. Мечот заврши со нерешен резултат 2-2, со убави погодоци и потези и со многу пресврти. „Кариоките“ поведоа со 1-0 со голот на Фред, а Англија потоа беше на прагот да им го нанесе првиот пораз на домашен терен на Бразилците по цели 11 години. Чембрлен и Руни погодија за пресврт и предност на гордиот Албион од 2-1, а спас за домаќините беше израмнувачкиот гол на Паулињо.

Brazil vs England

Англија по речиси 3 децении повторно гостуваше во Бразил, а последен пат двете реномирани фудбалски репрезентации играа во 1984 година и тоа на старата „Маракана“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top