Во изминатите денови голем дел од Европа беше под влијание на студен арктични бран кој предизвика зимски температури и снежни врнежи во многу предели од континентот. Една од најпогодените држави е Австрија која беше зафатена од снежно невреме проследено со интензивни врнежи од снег и многу ниски температури објави „Метеомакс“.
Во делови од оваа држава особено на оние повисоки места снежната покривка достигнува дури до две метра.
На Балканот најмногу снег наврна во Босна и Херцеговина каде врнежите од снег предизвикаа и проблеми (поради тежината на снегот паѓаа и дрвја).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.