Јувентус потпиша петгодишен договор со уругвајскиот фудбалер Родриго Бентанкур. 20-годишниот играч од средниот ред на Бока Јуниорс станува десеттиот уругваецот во историјата, кој го облекува дресот на “бјанконерите”.
Договорот му стапува во сила на 1-ви јули годинава, а трансферната сума е 9,5 милиони евра, кои ќе бидат платени на две рати. При последователен трансфер на играчот, Бока ќе добие 50% од износот.
Бентанкур е роден на 25-ти јуни 1997 година во Нуево Хелвесиа и е производ на школата на Пенарол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.