| четврток, 6 декември 2018 |

Надал последен полуфиналист во Монте Карло

Rafael-Nadal

Рафаел Надал е последниот полуфиналист на Мастерсот во Монте Карло. Шпанецот во два сета по 6:4 го елиминира Диего Себастијан Шварцман како нова потврда за добрите настапи на еден од неговите омилени турнири во сезоната на земја.

Тој воедно е најголем претендент за титулата со оглед на елиминациите на останатите фаворити во досегашниот дел од турнирот. Надал ќе брка финале во Монте Карло низ натпревар со Белгиецот Давид Гофан кој со 6:2, 3:6, 7:5 го совлада Новак Ѓоковиќ.

Настапите на турнирот во осминафинале ги завршија Стан Вавринка кој загуби од Пабло Куевас од Уругвај со 4:6, 4:6 и Енди Мареј по поразот од Шпанецот Алберт Рамос со 6:2, 2:6, 5:7.

АТП Мастерс Монте Карло

Четврт-финале, резултати

Надал (Шпанија) – Шварцман (Аргентина) 6:4, 6:4

Гофан (Белгија) – Ѓоковиќ (Србија) 6:2, 3:6, 7:5

Пуе (Франција) – Куевас (Уругвај) 6:0, 3:6, 7:5

Рамос (Шпанија) – Чилиќ (Хрватска) 6:2, 6:7, 6:2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top