| четврток, 6 декември 2018 |

Граѓаните имаат решение за излез од кризата: Избори се за Македонија – Избори за финална победа!

Живееме во времиња кога се пишува историја.Македонија ги има најголемите и најмасовни протести во историјата. Тоа нѐ прави должни и уште посилни да истраеме во нашата битка, која е битка на принципи, вредности, верувања, битка за зачувување на државата, суверена, унитарна, граѓанска!
И во овие времиња воопшто не е едноставно на која страна сте и што сте направиле. Години од сега секој од вас на вашите поколенија може со гордост да каже, ДА јас бев за заедничка Македонија, да јас бев дел од одбраната на државата. Петок 21 април е денот кога ќе го соопштиме нашиот план и нашите барања. Тоа е гласот на стотици илјади граѓани што нѐ поддржуваат во нашата борба. Сите заедно и масовно како досега во еден глас да порачаме дека одиме до крај во нашата цел за зачувување на Македонија. Петок е денот!, порача  граѓанската иницијатива За заедничка Македонија, а како што и најави, на 54 ден од протестите за заедничка, унитарна и едниствена Македонија, го објави Македонскиот народен документ „Избори се за Македонија“.

Ви го пренесуваме во целост граѓанското решение за излез од кризата.

Нашето движење остварува победи во континуитет! Со нашите срца и души, со разум и мудрост, со сила и храброст ја победуваме Тиранската платформа. Го победуваме нивниот план за тиранскиот претседател на Собранието, ја победуваме планираната тиранска влада која никогаш нема да се оствари, го победуваме нивниот план за промена на името, знамето, химната, грбот, ја победуваме идејата за кантонизација, федерализација и разнебитување на Македонија, ја победуваме нивната перверзија да не прогласат за геноцидни луѓеи затоа денес на 21 април 2017 година го претставуваме граѓанското решение за излез од кризата:

ИЗБОРИ ЗА ФИНАЛНА ПОБЕДА!!!

БАРАМЕ ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТРАНИ ИЗБОРИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!!!

ИЗБОРИ НА КОИ НАРОДОТ ЌЕ ЈА ОТФРЛИ ВО ЦЕЛОСТ ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА, НАПРАВЕНА ВО

ДРУГА ДРЖАВА ПОД ПАТРОНАТ НА ПРЕМИЕР НА ДРУГА ДРЖАВА!!!

Од денес натаму ИЗБОРИ се основното барање на Граѓанската иницијатива За заедничка Македонија, на сите Македонци, Абанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци кои не подржуваат.

Ова барање е логичен и рационален продолжеток на сите наши досегашни цели. И затоа велиме НЕ ЗА ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА!

ДА ЗА ИЗБОРИ ЗА ФИНАЛНА ПОБЕДА!

И сакаме да порачаме јасно и гласно ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА НЕМА ДА ЈА ИМА! ИЗБОРИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИМА!

Ние сме убедени дека изборите се најдоброто можно решение за дефинитивен крај на политиката и институционална криза во нашата Татковина. И ние сме сигурни дека ќе ја оствариме нашата цел. И ние порачуваме избори ќе има! Избори веднаш!

Нашата цел ќе биде остварена. За нејзино остварување имаме предвидено прецизни чекори кои ќе почнеме да ги соопштуваме од следната недела. Ние имаме предвидено и прецизни методи и активности со кои ќе стигнеме за реализација на

оваа цел. Демократски методи, базирани на разум и мудрост, и базирани на сила, на силата на мудроста и силата на народот во македонските градови и села.

Барем и свикување на итна собраниска седница со единствена точка на дневен ред – прогласување и распишување на предвремени парламентрани избори во Република Македонија!

Стратегијата не ја откриваме во целост, но стратегија имаме, исто како и оперативни и технички и тактички можности за таа стратегија да ја оствариме без разлика на противникот во земјата и надвор од земјата!

Ќе отпочнеме консултации со сите релевантни општествени субјекти, ќе ја побараме и ќе ја добиеме нивната подршка затоа то имаме благородна цел. Избори! Избори за народен легитимитет на институциите! Избори за отфрлање на разнебитувачките сценарија и отфрлање на соросовите пари за корумпираните политичари и нивните полуги. Оваа држава не е лична своина на било кој амбасадор, странска организација, емисар или тесна политичка клика, оваа држава е на народот!

ИЗБОРИ ЗА ФИНАЛНА ПОБЕДА!

Ние сме дел од најмасовните, најголемите и најмоќните протести во историјата на Македонија.

Ние не сме тука да ја објаснуваме демократијата – ние сме тука да ја обезбедиме демократијата!

А изборите се врвот на демократијата! Ние ќе обезбедиме избори!

Народот вели избори! Нема повлекување! Избори во Република Македонија ќе има!

Македонија силна, единствена, заедничка!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top