| четврток, 6 декември 2018 |

Адам Џонсон: Барем да ја силував девојката па да не ми е криво дека лежам шест години затвор

adam djonson

Некогашниот англиски репрезентативец Адам Џонсон ја одлежува првата од шесте предвидени години кои треба да ги помине во затвор. Џонсон е осуден поради секс со малолетничка, која имала 15 години. Според обвинението, тогашниот играч на Саутемптон, спиел со навивачка на овој клуб.

Судијата му даде шестгодишна казна затвор на играчот, кој неодамна беше сминен во затворската келија како тврди дека неосновано е зад решетки. Во разговор со еден од затворениците, џонсон вели дека никогаш немал секс со малолетната девојка

– Посакував барем да имам секс со девојката поради која ќе бидам во затвор шест години. Секогаш ме чекаше по мечевите и сакаше да се слика со мене. Така беше околу шест месеци. Потоа побара дрес со мојот потпис. Разговаравме неколку недели, а потоа ја бакнав. Во затворот има луѓе кои спиеле со 12-годишни деца, а добиле двојно помала казна затвор – вели Џонсон на снимката, која ја објави англискиот весник „Сан“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top