Зоран Заев заради личната слепа желба да биде премиер, прави непромислени чекори, со кои се движи кон исполнување на сонот на најголемите албански националисти, анализира за ТВ „Нова“ поранешниот висок функционер на СДСМ, Љупчо Палевски.
– Токму албанските конзервативни иредентистисти и најголеми националисти веќе две децении посакуваат оваа држава да има два парламента и две влади, а четирите албански партии ќе бидат концентрирани во едниот, без разлика кој е „квази“, а кој е „законски“ парламент или „законска“ влада. Со таква импровизација се покажува дека неговата лична кариера, да биде премиер на оваа држава, Зоран Заев ја става над интересите на СДСМ, кој ќе има една голема хипотека во наредниот период поради такви непромислени потези – вели Палевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)