ВМРО- ДПМНЕ е политички непоразен како политички субјект на нашава политичка сцена, посочи за ТВНова поранешниот висок функционер на СДСМ, Љупчо Палевски.
-Опструкциите што по изборите се направија, а тоа е, конкретно ДУИ кои во предизборието е квалитетно искритикуван и исплукан од СДСМ, а денеска гледам како аргумент политички се употребуваат 700.000 гласови, кажува за немање стратегија и немање концепт на Зоран Заев. Истите кои ги плукал и ги обвинувал за корупција и криминал заедно со ДПМНЕ, денеска се вбројани во неговите 700.000 гласови контра оваа власт или режим како што тој го нарекува.
Затоа треба да се договориме, тука имаме „вишок на карти“, вишок на гласови. ДУИ два пати се брои, и како ДУИ и како СДСМ. Вака, како што оваа весела математика Зоран Заев ја прави, а тоа е незнаење. Нема никаква стратегија за да освои власт.
Љупчо Палевски потоа додава дека Заев не само што постизборно ги измамил Македонците, ги измамил и Албанците.
-Оваа политичка измама што е направена, постизборна, ДУИ се во коалиција со СДСМ, кој пак доби 70.000 гласа од разочарани Албанци кои го казнуваа ДУИ. Зоран Заев повторно ги измами и тие луѓе и повторно ги донесе во коалиција, ги врати кај Али Ахмети, бидејќи се заедно во тие 700.000 гласа. Значи, Албанците се исто така измамени како и Македонците- додава Палевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)