| четврток, 6 декември 2018 |

Мукоски до СДСМ: Малку ли ја уништувавте Македонија, сега сакате да ја докрајчите

Пратеникот Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ, денеска од Собранието на Република Македонија порача до колегите од СДСМ да престанат да зборуваат за одговорност бидејќи тие се оние кои што во минатото ги распродаваа државните интереси, а денес сакаат таа работа да ја довршат.

-Дали сте свесни дека со прифаќањето на Тиранската платформа прифативте два јазика, две писма, дебата за промена на знамето, химната и грбот, па што ви смета во државните симболи! Вие ли ќе зборувате за одговорност кога сакате и она што досега не успеавте да го распродадете, сега да го продадете- рече Мукоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top