| четврток, 6 декември 2018 |

Кливленд го направи наголемиот пресврт во историјата на НБА-плејофот и поведе со 3-0 (видео)

klivlend

Кливленд дојде до триумф против Индијана со 119-114, по спектакуларен пресврт – најголемиот во историјата на НБА плејофот, стигнувајќи до третата победа во меѓусебната серија.

Бранителот на титулата имаше негатива и од 26 поени на почетокот од третиот период, но се феноменална игра во второто полувреме предводени од Леброн Џејмс успеаја да стигнат до неверојатна победа. Во вториот дел Индијана постигна само 40 поени, наспроти 74 поени на Кливленд.

Во првиот дел кај Индијана блескаше Пол Џорџ, но во второто полувреме едноставно не се виде. На почетокот од последната четвртина Индијана имаше предност од 91-84, но сето тоа залудна пред расположениот Леброн. Успехот на Кливленд е дополнително позабележителен ако се знае дека во последниот период тренерот се одлучи да ги остави на клупата Кевин Лав и Кајри Ирвинг.

Леброн Џејмс мечот го заврши со „трипл-дабл“ ефект од 41 поен, 13 скока и 12 асистенции. На тој начин успеа да го престигне Коби Брајант (5640 поени) на листата на најдобрите стрелци. Леброн сега има 5670 поени, а пред него се сама Карим Абдул Џабар со 5762 поени и Мајкл Џордан со 5987 поени.

lebron dzejms

Интересно е дека изминатава ноќ го помина Коби Брајант (292) и по бројот на погодени тројки, пробивајќи се на четвртата позиција на вечната листа со 295 тројки. Во оваа категорија неприкосновен е Реј Ален со 385 погодени тројки во кариерата.

Но, Леброн Џејмс се запиша дополнително во историјата и со одбележаниот 17-от „трипл-дабл“ во плејоф разигрувањата во својата кариера, односно деветти со најмалку 30 постигнати поени. Со тоа го мина легендарниот Оскар Робертсон на листата, а пред него е само Меџик Џонсон со 30 „трипл-дабл“ ефекти во разигрувањата од плејофот.

Кливленд по синоќешната победа е на само чекор од пласман во следната рунда. Четвртиот натпревар е на 23. април од 19 часот по средноевропско време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top