| четврток, 6 декември 2018 |

Антиќ: Имам минато со навивачите на ПАО, нивната реакција уште повеќе ме мотивира (видео)

pero antic 1

Македонскиот кошаркарски ас Перо Антиќ се наоѓа на еден чекор до нов пласман на фајналфор турнирите во Евролигата. Фенербахче два пати во три дена успеа да слави на гостувањето во Атина против Панатинаикос, слатки победи за Антиќ, кој најголемите успеси во својата кариера ги одбележа во дресот на Олимпијакос.

Тој на вчерашниот меч влезе во конфликт со Синглтон и доби свирежи од публиката, кои потоа му послужија на Македонецот за уште поголема мотивација.

– Навивачите ми се лути, ние имаме минато и тоа е нормално. Сепак, јас сакам да играм вакви натпревари, свирежите само уште повеќе ме мотивираат – истакна Антиќ.

Македонецот не го криеше разочарувањето од односот на раководството на Панатинаикос и навредите што пристигнаа кон кошаркарите на Фенер од самите челници на грчкиот клуб.

pero antic

– Видовме како бевме третирани од страна на претседателот на ПАО и неговите најблиски пријатели и соработници. Ќе дојдат во Истанбул и ќе видат како треба да се третираат гости – порача искусниот крилен центар.

Тој е свесен дека Фенербахче има огромна предност по првите два меча, но посочи дека мора да се биде максимално сконцентриран до конечната реализација на целта наречена фајналфор.

– Дојдовме овде знаејќи колку е тешко, дојдовме да се бориме. Одигравме два меча, два пати победивме, но сега во Истанбул треба да играме како да е 0-0. Ќе продолжиме да се бориме и на домашен терен, верувам во пласман на фајналфорот во Истанбул, на кој повторно ќе имаме огромна поддршка од трибините како и на наредниот дуел со Панатинаикос – истакнува Перо Антиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top