И покрај бројните докази за нејзината екстравагантност, Емина Ердоган тврди дека е скромна и штедлива жена. Иако бројните фотографии го негираат ова нејзино тврдење, сопругата на турскиот претседател Ердоган, тврди дека живее скромен живот по строги муслимански вредности.
Но, Емина Ердоган речиси опсесивно троши пари. Обожува да купува скапа дизајнерска облека, антиквитети, скапи чевли. Додека нејзиниот сопруг води разговори околу мигрантската криза, за неа се затвораат скапоцени шопинг центри за првата дама на Турција да може да шопингува сама, во мир и тишина.
Ова го направила во Брисел. Купувала пет часа, и дури еден час го парализирала сообраќајот во градот. Во Варшава на самитот за антиквитети, во едно попладн потрошила 44.300 евра. Во Грчка поминала поскромно, купила само седум пара чевли кои ги платила 850 евра со попуст од 15 отсто.
Турските власти, секако, се обидуваат да го испеглаат нејзиниот имиџ, па во весниците ја прикажуваат како скромна и посветена домаќинка. Па така таа ги чува корите од јаболката и лимоните за да направи оцет, а не ги фрлала ниту семките од маслинките и урмите. Ваквите статии забораваат да спомнат како “штедливата” Емина и нејзиниот сопруг живеат во палата од 600 милиони евра и во сите 1.000 соби таа пие посебен чај кој чини 1.800 евра по килограм, а го пие од златни чашки – од кои една чини 300 евра.
Покрај својата екстравагантност, Емина привлекува внимание и со своите изјави. Па така во една прилика изјавила дека харемите на отоманските султани се всушност училишта за членовите на династијата и образовни институции кои ги подготвуваат жените за животот.
Ердоган инаку е еден од најплатените светски државници, а богатството го стекнал со инвестирање во акции и недвижен имот. Тој е сопственик на неколку ресторани и еден фудбалски клуб во Анкара, а има и своја вотка.
Магазинот „Пипл вит мани“ неодамна го стави на првото место на листата на најдобро платени политичари проценувајќи ги неговите приходи на 58 милиони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.