Граѓани на Охрид и вечерва протестираа во знак на поддршка на граѓанската инцијатива „За заедничка Македонија“. Тие со марш низ улиците на градот ја изразија ја својата загриженост за иднината на државата и за зачувување на унитарниот карактер на Република Македонија.
Делчо Максимоски во име на учесниците на протестот укажа дека мутации и пенетрации со платформи од туѓи држави се неприфатливи и од тој аспект пораката од протестите е дека нема живот без унитарна Македонија.
– На сите Македонци насекаде во светот сакам да им порачам дека ова не е некоја индивидуална таргет група која бара некои општи работи, туку ова е здружение „За заедничка Македонија“ кое има класично општествени, државни и национални интереси, а тоа е егзекуција на тиранската платформа и зачувување на унитарниот карактер на Македонија, рече тој.
Учесниците на протестот се собраа на плоштадот кај охридската гимназија, по што се упатија низ улиците во централното градско подрачје до Градскиот плоштад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.