| четврток, 6 декември 2018 |

Бугари им продаваат бебиња на Грци за 5.000 евра

Бугарското специјално обвинителство почна голема истрага против 29 Бугари, главно од градот Камено откако грчката полиција откри ланец за продажба на бебиња во Грција. Од почетокот на годината за криумчарење на бебиња се осудени две лица.
Во обвинителството велат дека трговијата со бебиња се докажува многу тешко. Казна се добива само ако жртвата на крај не ги добие ветените пари.
– Причината е во тоа што ова кривично дело се изврѓува во многу тесен круг на луѓе кои не сакаат продажбата да се шири надвор од семејството – изјави за софијската телевизија „БТВ“ заменик – обвинителот Димитар Георгиев.
Според информациите на невладиниот сектор, бебињата се продаваат за пет илјади евра, од кои три илјади им следуваат на оние кои ги криумчарат. Мајките главно се Ромки кои на тој начин преживуваат и го хранат семејството. Трудните се носат во Грција каде што се породуваат, децата ги преземаат грчките татковци, а во целиот процес се вклучени и лекари и адвокати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top